Ѓорге Стојчев ќе ја предводи Академија Пандев до пополнување на испразнетото тренерско место

По заминувањето на тренерот Александар Васоски во босански Сараево, Академија Пандев го назначи Ѓорге Стојчев како привремен тренер на прволигашот од Струмица до пополнување на испразнетото тренерско место.

„Пандевци“ веќе вчера ги започнаа подготовките за новата сезона, а од денес екипата продолжува со по две тренажни единици. Првата фаза од подготовките ќе се одработи во Струмица, а потоа екипата заминува на подготовки во Анталија.

Академија Пандев есенската полусезона ја заврши на второто место на табелата во Првата македонска фудбалска лига зад есенскиот првак Шкупи.

Comments are closed.