
Пепи Горгиев е прво зимско засилување за Академија Пандев.
27-годишниот напаѓач доаѓа од шампионот на Албанија, екипата на Теута.
Претходно во својата кариера има настапувано за екипите на Кожуф, Беласица, Силекс и Брегалница.
“Добредојде Пепи и ти посакуваме многу голови во дресот на Академија Пандев”, велат од струмичкиот прволигаш.