
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадив до Советот предложи една од најважните мерки за решавање на загадувањето во општината, а Советот истата ја прифати.
Општината директно ќе субвенционира во цената на гасот по метар кубен за домаќинствата од 10 денари со што им се излегува во пресрет на граѓаните во оваа енергетска криза и се влијае и врз намалувањето на загадувањето на воздухот.
„На Струмица и се потребни конкретни и прецизни мерки за решавање на загадувањето. Струмицо моја слушни ме. Јас како поединец сам нема да го решам загадувањето на воздухот. Денеска предложив и советот ја прифати една од најважните мерки, директна субвенција на цената на природен гас за домаќинствата. На секој потрошен кубен метар природен гас ќе добивате по 10 денари субвенција. Апелирам, користете ја мерката во наредната 2022 година, колку повеќе приклучоци толку почист воздух. Мораме да ја менуваме свеста, се работи за наше заедничко добро. Нека Струмица биде пример за цела држава па и пошироко“, вели градоначалникот Костадинов.