
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов најави дека Струмица ќе биде единствена општина во државата која ќе има сопствен стационар за бездомни кучиња.
„Струмица единствена општина во државата која ќе има сопствен стационар за бездомни кучиња. Успеавме и ќе го решиме тој горлив проблем кој трае со години. Струмица е прва општина која го решава проблемот со бездомните кучиња системски“, вели Костадинов.