Денес ЈПКД „Комуналец“ Струмица започна со најавената акција за генерално чистење на улиците низ Струмица

Денес ЈПКД „Комуналец“ Струмица започна со најавената акција за генерално чистење на улиците низ Струмица, поточно се започна со улиците Мајка Тереза и Кољо Орцев.

Истовремено посебна екипа започна и со чистење и дезифекција со посипување на талк на просторот околу металните контењери низ градот, додека пак екипа од Градско зеленило врши есенско кроење на дрвјата на улиците Маршал Тито и Сандо Масев.

„Сепак за целосна подобра слика и чистоќа на улиците, укажуваме до сите граѓани отпадот од домаќинствата да го фрлат исклучиво во контењерите. Потенцираме дека за секаков друг вид на отпад постои бројот 13-110 кој работи 24 часа и во договор со службите отпадот ќе биде подигнат во најскоро можно време. Секое оставање на смет и друг градежен отпад околу контењерите дава лоша слика ја покажува нашата некултура и негрижа за животната средина во која сите ние живееме“, велат од ЈПКД „Комуналец“.

Comments are closed.