
Кошаркарите на Струмица на домашен терен со убедливи 90:63 славеа над Работнички во младинската лига М-18.
Димитар Зетов 24 поени беше најефикасне на средбата, а потоа следуваа Душан Ахтаров со 19, Драган Алексиќ со 14, Давид Дончевски со 11 поени, Дамјан Зимбаков со 10, Столе Николов со 4, Стефан Мирчовски со 4, Миле Мазаклиев со 2 и Наум Тасев со 2 поена.