Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ – Струмица продолжи со реализирање на проектот „Со медиумска писменост до борба против говор на омраза“, во средните општински училишта

Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“-Струмица продолжи со реализирање на проектот „Со медиумска писменост до борба против говор на омраза“, во средните општински училишта. Проектот кој е финансиран од Општина Струмица, преку интерактивен пристап беше промовиран пред ученици од четврта година во СОУ „Димитар Влахов“ на час по македонски јазик и литература, каде заедно со нивната професорка Олгица Хаџиева се разговараше за медиумската писменост и говорот на омраза.


Учениците активно се вклучија со свои размислувања за медиумската писменост и говорот на омраза и искажаа голем интерес за оваа област, за која сметаат дека почесто треба да биде претставувана пред нив преку најразлични форми, но истакнаа дека им треба повеќе едукација за распознавање на лажните вести и говорот на омраза. На учениците им беше понудено да се вклучат во проектот преку пишување вести од најразлични области кои ќе се објавуваат на порталот „Југоинфо“ и на „Експрес Радио“.


Од „Медија Флеш“ велат дека целта на проектот е да се зголеми свеста на младите во општина Струмица за критичко размислување преку мотивација за креирање на сопствен став и одговорно изјаснување во јавноста, со користење на аргументи и компетентност, препознавање лажна вест и борба против говор на омраза.

Comments are closed.