Кошаркарите на Струмица со нов триумф во Тетово над Тетекс ТТК

АРХИВА

Кошаркарите на Струмица забележаа нов триумф во Втората кошаркарска лига, откако на гостувањето во Тетово со 66:77 беа подобар противникот од домаќинот Тетекс ТТК, во рамки на 11. коло.

Победничката серија на Струмица продолжува, откако во претходното коло на домашен терен славеа против Охрид.

Струмица во Тетово настапи без пет стандарни кошаркари, поради повреди Абрашев, Макенаџиев, Костадинов, Стојаноски и Ахтаров не беа на располагање, па победата во Струмица добива на тежина.

Мелов со 25 поени прв ја водеше Струмица до триумфот во Тетово, а пак Зетов постигна десет помалку.

Во однос на табелата Струмица ја дели четвртата позиција со 17 бодови, колку што имаат Баскет Кам и Шкупи. Лидер на табелата е Чаир 2030 со 21 бод.

Comments are closed.