Убедлив пораз за ракометарите на Астраион на тешкото гостување кај Голден Арт

Ракометарите на Астраион убедливо беа поразени од големиот фаворит Голден Арт со 42:26 во рамки на 13. коло од Првата машка ракометна лига – Група Б.

Сосема очекувано Голден Арт кој е еден од конкурентите за влез во Суперлигата ја оправдата фаворитската улога и ја забележа 11-тата сезонска победа.

Победникот беше решен уште во првиот дел кога домашните ракометари имаа предност од 23:10 на полувреме.

Никола Димитров со девет погодоци беше најдобар стрелец кај Голден Арт, додека пак Астраион тројца ракометари се истакаа со по три гола – Иванче Онче, Миливој Котевски и Марко Стојанов.

Comments are closed.