СВР Струмица со засилени мерки за контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници

На 16.12.2021 во периодот од 12.00 до 16.00 часот на подрачје на СВР Струмица биле преземени засилени мерки за контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, биле контролирани 34 возила, а 18 од нив биле упатени во станици за технички преглед, при што кај 2 од возилата ( 1 во Струмица и 1 во Валандово) биле констатирани неправилности. За констатираните прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Comments are closed.