
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов го отвори дводневниот научен симпозиум на тема „Книжевното дело на Видое Подгорец – јазик, поетика, херменевтика“ кој се одржува во Струмица.
„Денес имав чест и задоволство да го прогласам за отворен дводневниот научен симпозиум на тема „Книжевното дело на Видое Подгорец – јазик, поетика, херменевтика“ кој се одржува во нашиот град. На учесниците од другите градови им посакав добредојде во Струмица, а на сите научници и професори кои се претставуваат со свои реферати на овој научен симпозиум, им посакав плодна работа во расветлувањето на делото на најплодниот македонски литерат Видое Подгорец. Со задоволство ја примив и благодарницата од страна на организаторите на симпозиумот – Здружението на граѓани „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ од Струмица, за поддршката што ја добиваат од страна на Општина Струмица“, рече Костадинов.





