Градоначалникот Костадинов разговараше со амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп за еколошките проблеми во струмичкиот регион и нивно решавање

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска присуствуваше на презентацијата на документарниот филм „Некогаш во Венецуела“ организирана од Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија во кој станува збор за голема еколошка катастрофа.

„Правото на здрава животна средина е фундаментално граѓанско право. Неговото почитување значи услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Заштитата на животната средина треба да биде цел на сите граѓани, само така можеме да си обезбедиме здрави услови за живот, за нас и генерациите по нас“, вели Костадинов.

По презентацијата на којашто присуствуваше и амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, г. Дирк Јан Коп, Костадинов со амбасадорот разговараше за еколошките проблеми во струмичкиот регион и како тие да се решат.

„Заштита на животната средина како глобален проблем е голем предизвик за Oпштина Струмица и за мене како нејзин градоначалник и таа е на високо место во нашите приоритети за следните 4 години во кои главниот акцент го ставаме на чистиот воздух и зелените површини и паркови“, рече Костадинов.

Comments are closed.