Беласица есенската полусезона во Втората лига – Исток ја заврши на четвртото место

Екипата на Беласица есенската полусезона во Втората лига – Исток ја заврши на четвртото место на табелата со 28 освоени бодови.

Струмичани ќе презимат како четврти со негатива од четири бодови во однос на есенскиот шампион Победа од Прилеп.

Пролетниот дел Беласица ќе го започне со гостување во Кочани кај екипата на Осогово, а овој натпревар треба да се одигра на 19 февруари во рамки на 16. коло.

Целта на Беласица за тековната сезона е експресен кам бек во елитата, откако претходната сезона струмичани испаднаа од Првата лига. Конкуренти за првото место кое води во Прва лига, покрај Победа се и екипите на Слога од Виница и Каменица Саса.

Comments are closed.