
„Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинствата и правата“. Почитувани сограѓани, оваа реченица која ја споделувам со вас, е дел од Универзалната Декларацијата за човековите права со која сакам да ве потсетам дека денес во светот се одбележува Меѓународниот ден на човековите права.
Тоа значи дека овој ден е и Ваш ден. Токму затоа Вашиот градоначалник, поаѓајќи од сопствените принципи, доследно ќе се бори за зачувување на слободата, еднаквоста и правата кои ви припаѓаат, осудувајќи ги сите видови на дискриминација, насилство, омраза, понижување, и непочитување. Вие заслужувате сигурен, безбеден и слободен живот.
Нека ни е честит Меѓународниот ден на човековите права, со една и единствена желба: Струмица – општина на човекови слободи и права“, стои во соопштението од градоначалникот Костадин Костадинов.
