Академија Пандев дома против последнопласираниот Пелистер

Екипата на Академија Пандев есенската полусезона од Првата македонска фудбалска лига ја затвара на домашен терен против битолски Пелистер, во рамки на 18. коло.

„Пандевци“ на овој меч ќе биде апсолутни фаворити, а дуелот кој ќе се одигра во недела ќе биде одлична можнос есенската полусезона да се затвори со победа и нови три бодови, а со тоа и брзо да се надмине поразот од претходното коло од „лавовите“ во Ѓорче.

Доколку Академија Пандев ја оправда фаворитската улога тогаш струмичани ќе презимат на второто место на табелата, додека пак Пелистер ќе остане „забетониран“ на дното од табелата и ќе биде подготвен за преселба во Втората фудбалска лига.

Мечот ќе започне во 13:00 часот, а правдата ќе ја дели Ндерим Тефику од Куманово.

Comments are closed.