
Беласица есенската полусезона од Втората фудбалска лига – Исток ќе ја затвори на домашен терен со дерби дуелот против лидерот Слога од Виница, во рамки на 15. коло.
Струмичани се мачат во битката за експресен кам бек во елитата, па трите бодови ќе бидат тежок предизвик за Беласица против одличната Слога која цели кон Прва лига и е на добар пат кон истата. Според формата Слога е во блага фаворитската предност, но домашниот терен ќе биде предност за Беласица.
Во однос на табелата Беласица е дури четврта и практично последна во однос на конкурентите Каменица Саса, Победа и Слога. Струмичани имаат негатива од седум бодови во однос на првото место, а четири во однос на второто место кое преку бараж води во Прва лига.
Правдата на дуелот кој ќе се одигра на „Благој Истатов“ во сабота со почеток од 13:00 часот ќе ја дели Фуркан Идризи од Тетово.