Фудбалерките на ЖФК Тиверија на домашен терен против ЖФК Атлетико

Фудбалерките на ЖФК Тиверија на домашен терен во Струмица ќе ги одмарат силите со ЖФК Атлетико од Битола во рамки на 11. коло од Првата женска фудбалска лига.

Апсолутна фаворитска улога ќе има ЖФК Тиверија во дуелот против „фенерџијата“ од Битола. Што се однесува до табелата ЖФК Тиверија првото место го дели со ЖФК Скопје со по 24 бодови, додека пак ЖФК Атлетико е последен со само еден бод.

Натпреварот ќе се одигра на Општинското фудбалско игралиште во Струмица со почеток од 14:00 часот, а правдата ќе ја дели Јордан Јовановски од Гевгелија.

Comments are closed.