
Денес, 9 декември е меѓународен ден за борба против корупцијата, по тој повод градоналачникот на општина Струмица, Костадин Костадинов вели заеднички да бидеме на линијата на одбраната од корупција, додава истата да ја осудиме, да и се спротивставиме и да дојдеме до посакуваната цел – општина Струмица без корупција.
„Беше вистинско доживување да се биде присутен на промоцијата на новиот двоброј (6-7) на списанието „Зенит“, на Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица. Овој вечерашен настан во Градската галерија, како дел од Програмата на одбележувањето на 11ти Декември – Денот на заштитниците на Струмица, Св. Петнаесет тивериополски свештенемаченици, ќе остане запаметен како значајна културна содржина вредна за почит. Бев импресиониран од визуелниот изглед на списанието како и од неговата содржина, од која значаен дел е посветен на ликот и делото на Блаже Конески, а по повод 100 – годишнината од неговото раѓање. Тие мои импресии ги споделив и со присутните на промоцијата, но и со уредниците на списанието, ветувајќи понатамошна поддршка на „Зенит“ од страна на Општина Струмица. Убеден сум дека „Зенит“ е на добар пат да го достигне својот зенит“, вели Костадинов.
