
Нова убедлива победа за младинската екипа на КК Струмица во М-14 натпреварувањето против екипата на Еуро Никел од Кавадарци со резултат 82:24.
Натпревар во кој сите играчи добија шанса, играа борбено колективно со голема желба и заслужено победија. Најефикасен беше Дарјан Златевски со 26 поени, а во листата на стрелците се запишаа и Звонко Христоманов со 20, Панче Митров 12, Борис Давчев 8, Мартин Мудинов 6, Никола Бојчевски 2, Василиј Крстевски 2 и Никола Маџаров 2 поена.