Честитка од градоначалникот Костадин Костадинов по повод празникот 8 Декември – „Св.Климент Охридски“

Денес е ден за празнување. Денес е ден за чествување на Св. Климент Охридски – Чудотворец, најголемиот македонски учител, најистакнатиот ученик на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, првиот македонски архиепископ, творецот на познатата Охридска книжевна школа, најзначајниот македонски средновековен писател и педагог и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Да бидеме горди што ги славиме неговиот живот и дело и да ги ползуваме Светиклиментовите поуки за етиката и вредностите, за да знаеме да се тргнеме од злото и да правиме само добро.

Драги мои сограѓани, нека ни е честит и вековит денешниот голем празник и нека ни е за многу години споменот за Св.Климент Охридски – Чудотворец, стои во соопштението од градоначалникот Костадин Костадинов.

Comments are closed.