
Беласица денес имаше незгодно гостување во Македонска Каменица каде одигра само 0:0 против фаворитот Каменица Саса.
Ваквиот резултат не им одговара на струмичките фудбалери бидејќи имаат негатива од седум бодови во однос на Саса, но во секој случај е позитивен резултат против фаворит како Саса.
Промени на табелата нема – Беласица и понатаму останува на четвртата позиција со 25 бодови, додека Саса со три повеќе е трета. Лидер на табелата е Слога од Виница со 32 бодови, а втора е Победа со три помалку.
Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра дерби дуел против директниот конкурент за Прва лига екипата на Слога од Виница.