Беласица утре на дерби во Македонска Каменица против Саса

Фудбалерите на Беласица утре во рамки на вонредното 14. коло од Втората лига – Исток ќе имаа тешко гостување во Македонска Каменица каде ќе играат дерби против Каменица Саса.

За струмичани овој натпревар е од клучна важност, бидејќи доколку истиот загуби тогаш ќе ги очекува „жешка“ пролет во битката за експресен кам бек во Прва лига.

Фаворитската улога овој пат нема да биде на страната на Беласица, туку сосема нормално фаворит ќе биде Саса која игра во многу подобра форма и игра пред својата верна публика. Првиот нивен меѓусебен дуел од тековната сезона одигран во Струмица заврши со триумф за Саса од минимални 0:1.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот, а ќе го суди Фуркан Идризи од Тетово.

Comments are closed.