
Фудбалерите на Академија Пандев во среда ќе гостуваат во Ѓорче каде во рамки на вонредното 17. коло ќе ги одмерат силите со Македонија Ѓорче Петров.
Двете екипи имаат различна цел – „пандевци“ водат борба за излез во Европа, додека пак „лавовите“ за сигурен опстанок во Првата лига.
Во досегашниот тек од сезоната односно по 16 одиграни кола Академија Пандев е втора со 32 бодови, додека пак Македонија ЃП има 21 бод и се наоѓа на седмото место на табелата.
Мечот ќе стартува во 13:00 часот, а ќе го суди Димитар Пилешков од Штип.