
Екипи од одделението ,,Одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД ,,Комуналец“ ја започнаа акцијата за кроење на дрворедите низ Струмица. Акцијата започна од улицата ,,Маршал Тито” – Старата струмичка чаршија, поточно од топчето до Хотел Централ, а во наредните викенди ќе се работи и на другите улици на градот.
Поради присуство на механизација со која се кројат и отстрануваат сечените гранки се известуват сите граѓани дека улиците каде се изведува акцијата ќе бидат затворени, а граѓаните ке бидат благовремено известени да ги отстранат и да не ги паркираат своите возила од 08 до 17 часот.





