Ракометарите на Астрион со нов триумф – совладан Текстилец во Штип

Ракометарите на Астраион во меч од 11. коло од Првата машка ракометна лига забележаа триумф од 25:26 над штипски Текстилец на гостински терен.

Првиот дел заврши со предност од три гола за струмичките ракометари, а во вториот дел штипјани се обидуваа да фатат приклучок за трите бодови, но Астраион не дозволи изненадување и дома се врати со целиот „плен“.

Сосема очекувано Иванче Ончев со 11 погодоци беше најдобар стрелец за струмичани, а пак кај штипјани најдобар беше Филип Хаџи Николов кој постигна десет голови.

Во однос на табелата Астраион сега направи скок од едно место и се наоѓа на седмата позиција со 12 бодови, додека пак Текстилец е на дното со само еден бод.

Comments are closed.