Убедлива победа за младинската екипа на КК Струмица во М-18 натпреварувањето против Баскет Дино

Hова победа на младинска екипа на КК Струмица во М-18 натпреварувањето и тоа против дирекниот конкурент за првото место во групата, екипата на Баскет Дино од Кочани со резултат 93:63. Натпревар кој беше решен уште во првото полувреме кое заврши со резултат 56:26 и со тоа КК Струмица останува единствената непоразена екипа во досегашниот дел од натпреварите.

Тренерот Ики Христов им даде шанса на сите играчи, а во листата на стрелците се запишаа Д. Ахтаров со 25 поени, Д. Зимбаков 16, Д. Алексиќ 13, С. Мирчовски 9, М. Манзаклиев 8, Д. Дончевски 7, М. Кузмановски 7, С. Николов 6 и С. Иванчев 2 поена.

Comments are closed.