
Академија Пандев денес на домашен терен во Струмица одигра нула против Брегалница (0:0) во рамки на 16. коло од Првата фудбалска лига на Македонија.
Во десет минути Фарук Бихорац заработи два жолти картони и беше исклучен од игра, а во финишот на првиот дел и штипјани останаа со играч помалку откако Дарко Додев поради неспортско однесување заработи два жолти картони и беше исклучен од игра.
Академија Пандев останува на второто место на табелата со 32 бодови, но сега со два бода разлика во однос на третопласираната Шкеднија. Во следното коло „пандевци“ ќе гостуваат во Ѓорче кај „лавовите“.