Беласица немаше сили за Кожуф и извлече само бод

Фудбалерите на Беласица денес во рамки на 13. коло од Втората фудбалска лига – Исток одиграа само 1:1 против Кожуф.

Струмичани беа фаворити, но на крај мораа да извлечат бод од Кожуф кој прв го отвори резултатот на „Благој Истатов“ во Струмица. Христијан Бејков во 54. минута го донесе Кожуф во водство од 1:0, додека Александар Коцев во 63. минута постигна гол кој вреди бод.

Ваквиот резултат воопшто не им оди во прилог на струмичани кои имаат за цел експресен кам бек во елитата. Беласица по 13. кола е четврта со 26 бодови и има негатива од седум бодови во однос на лидерот Слога од Виница.

Comments are closed.