3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост.
„За мене како градоначалник и човек сите граѓани се исти, сите се дел од нашата заедница и општество, сите се рамноправни жители на Општина Струмица. Не може и не смее да постојат разлики меѓу луѓето. Токму затоа, мојата почит и внимание ја имаат и лицата со попреченост, без разлика дали станува збор за телесно инвалидизирани лица, лица со интелектуална попреченост, лица со даунов синдром или аутизам, глуви, наглуви и слепи лица. Секогаш сум бил и ќе бидам на нивна страна, а нивните проблеми, потреби и барања ќе останат во фокусот на моите ангажмани. Тие тоа го заслужуваат. Не само на 3. Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост, туку секој ден“, вели градоначалникот Костадинов.
