Ракометарите на Астраион на гостување во Штип кај Текстилец

Астраион во рамки на 11. коло од Првата машка ракометна лига ќе гостуваат во Штип каде ќе ги одмерат силите со екипата на Текстилец.

Нова шанса за струмичките ракометари да врзат нова победа, бидејќи Текстилец иако игра на домашен терен е во лоша форма, па фаворитската улога би била на страната на Астраион.

Во однос на табелата Астраион е осми со 9 бодови, додека пак Текстилец е место подолу со само еден бод.

Натпреварот ссе игра во сабота со почеток од 15:00 часот во „Тошо Арсов“, а судиска двојка ќе биде Методија илиевски и Михајло Илиевски од Битола, додека за делегат е делегиран Игор Огненов исто така од Битола.

Comments are closed.