
Вчеравечер, во големата сала на Домот на АРМ се одржа четвртата буџетска сесија на којашто граѓаните ги избраа трите најприоритетни проекти за реализација во новата буџетска година.
„Прекрасно е чувството кога со граѓаните ни се поклопуваат целите и приоритетите во плановите за развој на нашата Струмица. Тоа значи дека точно знаеме што сакаме и што ни треба за да си го унапредиме животот во Општината. На четвртата форумска сесија од Буџетскиот форум 2021/2022 година, на демократски и транспарентен начин во големата сала на Домот на АРМ, од 13-те приоритетни проектни иницијативи, за најприоритетни, граѓаните ги избраа следните 3 проекти:
1️. Намалување на цените за приклучок на гас или субвенционирање на цената за гас за физички и правни лица.
2️. Урбана опрема за деца и млади и деца со попреченост.
3️. Уредување на нови зелени површини во основните училишта и поставување на урбана опрема.
Овие проекти се од трите приоритетни развојни програми избрани на минатата форумска сесија, а коишто се совпаѓаат со моите приоритети во градоначалничкиот мандат. Заедно ќе ја направиме најдобрата верзија на нашата oпштина.“





