
Општина Струмица се вклучи во глобалната кампања против родово базирано насилство. Општинската зграда светна во портокалова боја.
„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш ќе бидам против сите видови насилство и ја давам мојата поддршка на сите активности со кои се подига јавната свест за спротивставување на насилството и ќе иницирам максимално почитување на човековите права. Струмица меѓу првите Општини во државата се вклучи во имплементација на Законот за еднакви можности на мажите и жените усвоен во 2006 година. Струмица е прва Општина која финансиски го поддржува Шелтер центарот за згрижување на жени и деца жртви на семејно насилство. Ќе работиме уште повеќе и уште подобро. Од срце за живот без насилство во нашата Струмица“, вели градоначалникот Костадин Костадинов.


