Ракометарите на Астраион денес на домашен терен во неизвесен натпревар со резултат од 33:32 триумфираа над Кичево.
Целиот натпревар помина во интересна и неизвесна атмосфера до самиот финиш. Гостите на почеток од натпреварот имаа водство од 0:2, по што струмичани успеаа да го свртат резултатот на 7:6, а потоа да зголеминат и на плус четири при 13:9. На полувреме резултатот беше 16:15 за струмичани.
Во вториот дел повторно се играше гол за гол, гостите од Кичево на момент дојдоа до водство кога резултатот беше 20:21, по што Астраион веднаш реагираше и го врати водството и успеа да дојде до плус два кога беше 25:23. Ракометарите на Кичево во еден момент го вратија водството и имаа дури предност од два гола кога беше 26:28.
Натпреварот влезе во една неизвесна завршница, а струмичани најпрво дојдоа до 30:30, потоа 32:31 и мудроа го чуваа водството до конечни 33:32.
Очекувано најдобар стрелец кај струмичани беше Иванче Ончев со 15 погодоци беше најдобар стрелец, а десет погодоци постигна Марко Стојанов, кај гостите Мојсие Тасески со 13 голови беше најефикасен.
Струмичани остануваат и понатаму на осмото место на табелата со девет бодови, еден помалку од Кичево кој е десетти.