Меѓународен ден за борба против насилството врз жените

25 ноември – Меѓународен ден за борба против насилството врз жените.

„Како градоначалник, а пред се како човек, секогаш сум бил и ќе бидам на страната на жените и ќе ги поддржувам сите активности кои го искоренуваат насилството врз нив. Жените се важна алка во севкупното човеково постоење и дел од заедниците и општествата и треба да ги уживаат сите права коишто им припаѓаат според конвенциите, уставот и законите. Денеска, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, велам СТОП за сите видови физичко, психичко, сексуално, економско и друг вид насилство врз жените“, вели градоначалникот Костадин Костадинов.

Comments are closed.