Астраион на домашен терен против Кичево

Ракометарите на Астраион на домашен терен в сабота ќе ги одмерат силите со екипата на РК Кичево 2020 во меч од 10. коло од Првата машка ракометна лига – Група Б.

По девет одиграни кола струмичките ракометари имаат скор од две победи и седум порази со вкупно 6 бодови се наоѓаат на осмото место на табелата, додека пак Кичево 2020 има нешто подобра форма и се наоѓа на седмото место на табелата со четири бодови повеќе од Астраион.

Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 13:00 часот, а судиска двојка ќе биде Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола, а пак Васил Чаврадов од Богданци ќе биде делегат на натпреварот.

Comments are closed.