Академија Пандев на дерби во Тетово против Ренова

Академија Пандев в недела игра дерби против Ренова на Градскиот стадион во Тетово во рамки на 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот е важен и за двете екипи во битката за обезбедување првенството место за излез во Европа, а секако и за напад на првото место каде се наоѓа Шкупи.

„Пандевци“ имаат 28 бодови и се наоѓаат на второто место со 4 бодови негатива во однос на Шкупи, а пак „гипасирите“ имаат 25 бодови и се наоѓаат на третото место на табелата.

Првиот нивен меѓусебен дуел од тековната сезона кој се одигра во Струмица под рефлектори заврши со голем триумф за Академија Пандев од 2:1.

Дербито ќе го суди Јован Качевски од Струга, а ќе започне во 13:00 часот.

Comments are closed.