Беласица на гостување во Пехчево кај Кит Го

Фудбалерите на Беласица в сабота ќе гостуваат во Пехчево каде ќе се соочат со Кит Го во меч од 12 коло од Втората фудбалска лига – Исток.

Трите бодови се императив и за двете екипи со цел да може да направат пробив кон водечките екипи – Слога од Виница која е втора и прилепска Победа која е прва на табелата. По 11 одиграни натпревари Беласица е на четвртото место има 20 бодови и негатива од шест бодови во однос на Победа, додека пак Кит Го е петти со 16 бодови.

Домашниот терен ќе биде предност за избраниците на Трајче Сенев, додека пак Беласица оди мотивирана со цел да ја продолжи победничката серија и со тоа да ја наниже третата последователна победа.

Во однос на нивниот меѓусебен дуел во рамки на 3. коло од тековната сезона одигран во Струмица, Беласица со убедливи 3:1 славеше над Кит Го.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Никола Иванов од Велес.

Comments are closed.