Буџетски форум 2021/22 – Трета форумска сесија

Општина Струмица организира организира Буџетски форум со цел партиципативно креирање на Буџетот на Општина Струмица за 2022 година.

„Се покануваат граѓаните на Општина Струмица активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на Општина Струмица“, се вели во соопштението на општината.

Третата форумска сесија ќе се одржи во Дом на АРМ – Голема сала утре (26 ноевмри 2021) со почеток од 18 часот.

Организацијата и спроведувањето на Буџетскиот форм 2021/22 година е во целост усогласнеа со важечките мерки за Ковид-19.

Comments are closed.