
Утрово Македонија се разбуди со големата трагедија во Бугарија каде се случи тешката сообраќајна несреќа откако се запали автобус и загинаа 46 патници, а седум успеале да се спасат.
Според информациите во Бугарија 17 годишно девојче и шест возрасни патници се примени во болница во Софија и се наоѓаат надвор од животна опасност. БТВ јавува дека жртвите од трагедијата што се случи со македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија, се од Скопје, Струмица, Битола и Велес.

Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3:00 часот се случила сообраќајната несреќа на автопатот во правец од Софија кон Благоевград.

Според првичните инфорамции од надлежните органи четири автобуси од скопската компанија „Беса Транс“ патувале викендот за Турција.

За големата трагедија која ја потресе Македонија известија речиси сите светски медиуми.
