Струмички кошаркари загубија на гостувањето кај Шкупи

Кошаркарите на КК Струмица вчера загубија на тешкото гостување во Скопје од екипата на Шкупи со високи 80:62 во меч од 7. коло од Втората кошаркарска лига.

По седум одиграни натпревари КК Струмица има скор од три победи и четири порази, со вкупно 10 бодови се наоѓа на шестото место и има негатива од четири бодови во однос лидерот Чаир 2030.

Колото ќе биде комплетирано во среда со мечот во Охрид меѓу ГКК Охрид и Баскет Кам.

Comments are closed.