ФОТО: Градоначалникот Костадинов вечерва разговараше со младите во Europe House во Струмица

Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов во Europe House во Струмица разговараше со младите, а темата беше младинскиот културен центар и бенефитите од него.

„Сакам и ќе направам се, Струмица да биде Центар на младите и општина во која тие ќе гледаат потенцијал и светла иднина. Меѓу приоритетите е Младинскиот културен центар во којшто младите ќе ги реализираат своите креативни идеи, ќе организираат и реализираат општествени активности и културни настани. Младинскиот културен центар и бенефитите од него, беше темата на којашто вечерва разговаравме со младите во Europe House во Струмица. Желбата ни е заедничка, мотивацијата голема и подготвени за работа“, рече Костадинов.

Comments are closed.