16-годишниот Мартин Ѓоргиевски беше стартер против Тиквеш и одигра одличен меч за „Пандевци“

ФОТО: ФК Академија Пандев

16-годишниот Мартин Ѓоргиевски на натпревар против Тиквеш беше во стартниот состав на Академија Пандев и одигра 77 минути. Фудбалерот роден 2005-та година имаше одличен натпревар и ја оправда довербата на тренерот Александар Васоски.

„Промоцијата на деца од академијата е наш приоритет и во иднина уште многу млади таленти ќе добијат шанса во сениорскиот тим за да го покажат својот потенцијал“, велат од струмичкиот прволигаш.

Академија Пандев натпреварот со Тиквеш во рамки на 14. коло од Првата фудбалска лига го доби со 3:2 во меч со многу возбуда и голема неизвесност.

Comments are closed.