
Ракометарите на Астраион забележаа минимален пораз од екипата на Аеродром со резултат од 27:28 во рамки на 9. коло од Првата машка ракометна лига – Група Б.
Во тесен и израмнет натпревар во текот на целиот меч противникот од Скопје ги обезбеди посакуваните три бодови.
Иванче Ончев и Марко Стојанов со по девет погодоци беа најдобри стрелци за струмичани, додека пак кај гостите Давид Олтовски со седум погодоци беше најдобар стрелец.
Во следното коло Астраион на домашен терен ќе игра против Кичево 2020, а што се однесува до табелата Струмичани со шест освоени бодови се наоѓаат на долниот дел од табелата односно на осмото место.