Беласица со сигурен триумф над Братство

Беласица не дозволи повторно изненадување и со 2:0 славеше над Братство од Житоше во Струмица во меч од 11. коло од Втората фудбалска лига – Исток.

Трите бодови ги обезбедија Стефан Сулев и капитенот Александар Милушев. Во однос на табелата Беласица останува и понатаму на четвртото место со 20 бодови и негатива од шест во однос на лидерот Победа од Прилеп.

Во следното коло Беласица ја очекува дерби во Пехчево против Кит Го во рамки на 12. коло.

Comments are closed.