
Екипата на Беласица утре на домашен терен ќе ги одмери силите со новајлијата Братство во рамки на 11. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.
Во рамки на 2. коло Беласица одигра само 1:1 против Браство на гостински терен, а утре ќе биде пред нов тест дали ќе ја оправда фаворитската улога за трите бодови. По десет одиграни кола екипата на Братство е на делба на деветтата позиција со 4 освоени бодови, а интересно е тоа што едниот бод оваа екипа го обезбеди токму од Беласица, додека пак единствениот триумф го забележи против дотогаш непоразениот лидер Каменица Саса.
Беласица е четврта на табелата со 17 бодови, па утре дефинитивно ќе мора да забележи нов триумф со цел остане со шанси за освојување на првите две места и со тоа да се надева на експресно враќање во Првата лига.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Благој Истатов“ со почеток од 13:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Миле Лазов од Неготино.