Втора форумска сесија – Буџетски форум 2021/22

Општина Струмица организира Буџетски форум со цел партиципативно креирање на Буџетот на Општина Струмица за 2022 година.

„Се покануваат граѓаните на Општина Струмица активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на Општина Струмица,“ се вели во соопштението на општината.

Втората форумска сесија ќе се одржи утре (19.11.2021) со почеток од 18:00 часот во ДОм на АРМ – Голема сала.

Организацијата и спроведувањето на Буџетскиот орум 2021/22 година е во целост усогласена со важечките мерки за Ковид-19.

Comments are closed.