Кошаркарите на Струмица загубија во дербито со Вардар

АРХИВА: КК Феникс – КК Струмица

Кошаркарите на КК Струмица го загубија големото дерби со КК Вардар со два поени разлика (74:76) во меч од 6. коло од Втората кошаркарска лига.

Струмица останува на шестата позиција на табелата со 9 бодови, и има негатива од три бодови во однос на лидерот Чаир 2030.

Во следното коло КК Струмица ќе гостува во Скопје каде во „Шабан Трстена“ ќе ги одмери силите со Шкупи, екипа која исто така има девет освоени бодови во досегашниот тек од сезоната.

Comments are closed.