
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов информира дека советниците на денешната седница на Советот на општина Струмица, едногласно го прифатиле неговиот предлог за намалување на средствата за новогодишно украсување на градот.
„На денешната седница на Советот на општина Струмица, советниците едногласно го прифатија мојот предлог за намалување на средствата за новогодишно украсување на градот. Во буџетот за 2021 година беа планирани 1,5 милиони денари, а со денешниот ребаланс ги намаливме на 400 илјади денари. Со овие средства ќе го украсиме само градскиот плоштад, каде што е и најголема фреквенцијата на луѓе за новогодишните празници. Причината за ваквата одлука е енергетската криза којашто ја прогласи Владата, ја има и во Европа, а ние ја почитуваме. На седницата беше донесена уште една одлука на мој предлог. Ќе се продава службеното возило наменето за градоначалникот, а средствата од продажбата ќе бидата наменети за Младинскиот културен центар. Беше усвоен и кварталниот извештај за извршување на општинскиот буџет за третиот квартал од 2021 година чија реализација изнесува 71 процент. Во периодот пред нас ќе работиме уште повеќе и уште подобро за сите нас“, вели Костадинов.