
Чист град е заедничка цел на општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“. Денеска, кога фреквенцијата на возила е намалена, екипи на „Комуналец“, од двете страни го чистеа патот од излезот на градот кон селото Дабиле.
Се сечеја гранките кои го попречуваа движењето по тротоарите, се метеше и собираше отпадот и од тротоарите и дел од коловозот, со што целиот простор доби нов лик.
„Влезовите се огледало на градот и ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период“, информираат од општина Струмица.




