
Преку програмата Форуми во заедницата и Буџетските форуми, граѓаните учествуваат во креирањето на буџетот на општина Струмица, се запознаваат со неговата структура, дискутираат по развојните програми, предлагаат решенија и на демократски начин ги изберат најважните проекти за следната буџетска година.
„Партиципативното учество на граѓаните во креирањето на општинските политики и практики е богатството на Струмица .Сите заедно, без разлика на партиска или било каква определба, дискутираме за подобрување на нашето секојдневие. Јас сум силно убеден дека ова е вистинскиот начин на креирање на буџетот, процес кој се темели на применливи европски вредности и стандарди“, вели градоначалникот Костадин Костадинов.